вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјенец приведен поради разбојништво

Скопјенец приведен поради разбојништво

Полициски службеници од Полициската станица Карпош синоќа во 23:56 часот на улицата „Есперанто“ во Скопје, го лишиле од слобода лицето Ш.Л.(18) од Скопје, кој бил затекнат на лице место при вршење кривично дело „разбојништво“ над Ф.А. (33) од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Ш.Л. бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (МИА)