Две непознати маскирани лица утринава околу 3 часот извршиле разбојништво на бензиска пумпа лоцирана на булеварот „Борис Трајковски“.
Од полицијата информираат дека непознатите лица со закана со автоматска пушка над двајца вработени го одзеле дневниот промет.
Од страна на СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.