недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил прегазил малолетничка, па побегнал без да и помогне!

Со автомобил прегазил малолетничка, па побегнал без да и помогне!

Синоќа околу 21,25 часот на улицата Светозар Пепоски во Гостивар, патничко возило удрило во малолетничка, по што го напуштило местото на настанот.

Малолетничката била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде од лекар и е констатирана тешка телесна повреда, соопшти МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.