недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил удрил во момче во електрична инвалидска количка

Со автомобил удрил во момче во електрична инвалидска количка

Автомобил „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.М.(60) од Тетово, удрил во електрична инвалидска количка управувана од Г.М.(24) од Тетово.

Несреќата, информира МВР, се случила вчера вечерта на бул.„Илинденска“ во Тетово.

Во несреќата со повреди се здобил Г.М., констатирани во Клиничка болница Тетово.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршил увидна екипа од СВР Тетово.