Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против М.Д.(23) и Б.Б.(22), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
На 28.02.2022 на Граничен премин Делчево, пријавениот приложил фалсификуван негативен ПЦР тест.