среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Со фалсификувани 100 евра купил цигари и си заминал со кусурот

Со фалсификувани 100 евра купил цигари и си заминал со кусурот

Непознато лице пред два дена со 100 фалсификувани евра пазарело во продавница во село Ранковци.

Полицијата соопшти дека човекот купил две штеки цигари кои чинеле 1.800 денари и си го зело кусурот од 4.300 денари. подоцна е утврдено дека банкнотата е фалсификат

Случајот во полиција е пријавен вчера од страна на 36-годишниот Д.В. од Крива Паланка.