среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со фалсификувани 100 евра платил на бензинска станица

Со фалсификувани 100 евра платил на бензинска станица

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.И.(21) од Општина Дебарца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 од Кривичниот законик.

Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100  евра и  ја употребил при купување на  бензинска станица во Скопје.

По преземени мерки, тој бил пронајден и поднесена е кривична пријава.