недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со „фолксваген голф“ излетал од патот на скопската обиколница- со тешки повреди веднаш бил пренесен во болница

Со „фолксваген голф“ излетал од патот на скопската обиколница- со тешки повреди веднаш бил пренесен во болница

На 23.11.2019 во 15,20 часот на автопатот „Мајка Тереза“, на обиколница Скопје, патничко моторно возило„фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(41) од Куманово, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телсени повреди се здобила сопатничката Р.С.(41) од Куманово која била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.