На 16.07.2019 околу 14.00 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, К.О.(22) од Тетово, управувајќи патничко возило „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, удрило во велосипедистот Д.Р.(18) и пешакот М.И.(18), двајцата од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле велосипедистот и пешакот и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.