На 06.11.2022 околу 19.50 часот во с.Виничани, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.С.(75) од с.Виничани.
Во близина на железничката постојка во с.Виничани, тој испукал еден куршум во воздух од огнено оружје.
Тој бил приведен во полициска станица и кај него била пронајдена и одземена ловечка пушка.
По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.