недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со Мерцедес удрил во малолетен пешак – еве ги деталите

Со Мерцедес удрил во малолетен пешак – еве ги деталите

На 02.12.2022 околу 17.25 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на мост на реката Црн Дрим, кај браната на ул.„Боро Хаџиески“ во Струга, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(56) од Кичево, со живеалиште во Струга, удрило во малолетен пешак од Штип.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.