На 15.10.2019 во 16.15 часот во с.Бучим, радовишко, се случила собраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха-125“, управуван од малолетник од с.Почивало, штипско и велосипед, управуван од друг малолетник од с.Бучим.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, додека возачот на мотоциклот се здобил со телесни повреди.
Тие биле пренесени во Клинички центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица, информираат од МВР.