понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со мотокултиватор излетал од патот во Делчево – починал на лице место, еве ги деталите

Со мотокултиватор излетал од патот во Делчево – починал на лице место, еве ги деталите

Седумдесет и четиригодишен маж починал вчера откако паднал од мотокултиватор на патот Делчево-планина Голак.

„На 24.09.2023 во 12.40 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на патот Делчево – планина Голак, над манастирски комплекс „Балаклија”, С.С.(74), управувајќи мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди С.С. починал, а лекар од Клиничката болница Штип констатирал смрт“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.