понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Со неисправни сопирачки возеле 35 автобуси во Тетово, Охрид и Штип

Со неисправни сопирачки возеле 35 автобуси во Тетово, Охрид и Штип

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 08.00 до 13.00 часот нбеше спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Со контролата биле опфатени 128 возила (ТЕ-76 и ГВ-52). Од контролираните возила, кај 25 откриена е неисправност на сопирачките(ТЕ-16 и ГВ-9), пет(ГВ) имале неисправен уред за управување и едно (ГВ) недостиг на опрема.

Поради констатираните недостатоци, од сообраќај биле исклучени 30 возила (ТЕ-16 и ГВ-14), на 37 возачи (ТЕ-16 и ГВ-21) изготвени им се прекршочни платни налози, а на осум (ТЕ-4 и ГВ-4 ) барања за поведување на прекршочна постапка.

И СВР Штип вчера спроведе засилена акциска контрола на техничка исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Од извршената акциска контрола контролирани се 57 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 54 се упатени во станица за технички преглед. Притоа, кај девет возила е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, додека две возила не извршиле вонреден технички преглед. Преземени се вкупно 22 мерки по горенаведените прекршоци и издадени се 12 прекршочни платни налози. Санкционирани се и 19 останати прекршоци.

На 20.03.2019 на подрачјето на СВР Охрид беше извршена зајакната акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Констатирани биле вкупно осум неисправности (Охрид-шест и Кичево-два, од кои еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли, од сообраќај се исклучени осум возила(Охрид-шест, Кичево-две). По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози(Охрид-шест, Струга-осум, Кичево-два).