Во текот на вчерашната вечер (11/12.06.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен уред (радар) за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 237 возачи.
Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 161 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место. При контролата се констатирани и санкционирани и 52 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.