Вчера околу 18.40 часот во с.Страхојадица, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода С.Ќ.(37) од с.Страхојадица, затоа што физички, со употреба на остар предмет, нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.