Две маскирани лица вчера околу 10:30 часот со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената во казино на улица „Народен фронт“ и од касата одзеле околу 50.000 денари, по што со употреба на физичка сила од А.Ф.(24) од Радовиш и М.Н.(29) од Скопје, кои биле посетители во казиното, одзеле вкупно 5.500 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.