На 15.09.2022 во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од бул.„Асном“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од Скопје и електричен тротинет управуван од П.Ѓ.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.