Пешак настрада во тешка сообраќајна несреќа попладнево во скопска Железара, објави Пресс24.
Според информации на порталот, пешакот загинал на лице место, иако засега нема официјална потврда. Очевидци велат дека на местото на несреќата има зголемено присуство на полициски службеници.
Во моментот полициски службеници прават увид на местото на настанот, а од МВР најавија дека по завршувањето на увидот ќе соопштат повеќе информации за несреќата.