вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сопатник тешко повреден откако излетале со автомобил од пат

Сопатник тешко повреден откако излетале со автомобил од пат
илустрација

На 03.02.2021 во 10.00 часот на локален пат за село Добрашинци, струмичко се случила сообраќајна незгода во која А.К. (40) од село Дрвош управувајќи моторно возило „Aуди А4“ со струмички регистерски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, кој е пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.