Двајца државјани на Србија се уапсени на Малта поради сомневање дека брутално претепале 32-годишен Албанец, на кого му ја скршиле раката.
Станува збор за 39-годишниот Ненад Аниќ и 31-годишниот Немања Вучичевиќ, уапсени четири дена по инцидентот, пишува српски „Блиц“.
При претрес во станот на еден од осомничените полицијата нашла канабис и кокаин. Како што пишуваат медиумите, во моментот кога бил вршен претресот на вратата се појавил државјанин на Македонија, 42-годишниот Александар Петровски.
Тој исто така бил приведен откако полицијата и кај него пронашла наркотични супстанци.
Извор: ФОКУС