На 28.07.2023 во 07:00 часот во близина на Граничен премин Богородица од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода М.К.(30) од Р.Србија.
Приведен е поради тоа што при извршена контрола на патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со српски национални ознаки кое го управувал констатирано било дека српската лична карта, швајцарската возачка дозвола и швајцарската дозвола за престој кои биле на име Л.Н.(31) , а кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Исто така, утврдено е дека постојат основи на сомнение дека тој бил соучесник и во сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ на 12.10.2022 и по насоки на ОЈО -ГОКК Скопје поднесена е кривична пријава, а од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија одредена му е мерка притвор.