четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Србин завршил зад решетки, криумчарел мигранти

Србин завршил зад решетки, криумчарел мигранти

Денеска(27.09.2022) околу 15.45 часот во близина на с.Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ж.(24) од Република Србија затоа што со возило “сааб” превезувал седум лица мигранти од Сирија.

Претходно, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се дал во бегство, но бил стигнат, по што со мигрантите излегле од возилото и се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени во полициска станица.

Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против М.Ж. ќе биде поднесена соодветна пријава.