недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Старец направил хаос во Крушево: Им се заканувал на соседите, па нападнал полицајци

Старец направил хаос во Крушево: Им се заканувал на соседите, па нападнал полицајци

На 26.08.2022 во 20:00 часот во Крушево од полициски службеници од Полициската станица Крушево бил лишен од слобода Ќ.Д.(76) од Крушево поради тоа што, откако претходно упатувал закани кон негови соседи, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие.

При лишувањето на К.Д. дошол Н.З.(51) од Крушево и ги попречувал полициските службеници во извршувањето на службените дејствија.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.