недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Страшна вест попладнево ја стресе Македонија: Ученик од гимназијата Корчагин си го одзел животот!

Страшна вест попладнево ја стресе Македонија: Ученик од гимназијата Корчагин си го одзел животот!

Страшна вест брзо се прошири прво во Скопје, а потоа и во Македонија.

Ученик во гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин си го одзел животот. Детали за случајот се познати, но бидејќи станува збор за самоубиство, нема да се изнесуваат детали.

Коментар во јавноста даде професорката Мимоза Ристова и покрена други дилеми.

Целото пишување на професорката Ристова во продолжение:

ЕДЕН УЧЕНИК ОД ГИМНАЗИЈА КОРЧАГИН СИ ГО ОДЗЕМА ЖИВОТОТ – ТАГА НЕВИДЕНА (ги земал оценките и си пресудил)

-МОН и Образовен инспектор веднаш да преземе вонреден инспекциски надзор (ама сериозен). Да ги анкетира учениците и да го лоцира проблемот со помош на експерти по психологија. Постојат професори кои им прават булинг и мобинг на учениците, им ја разнишуваат самодовербата и ги носат во очај и смрт. Во сите гимназии има вакви гадни ликови кои треба да се отстранат. Во нашава држава ученици и родители се плашат да пријавуваат, зашто знаат дека никој ништо нема да преземе за да ги заштити, туку напротив, ги чека освета од гадот/гадурата кој/која на нив лечи лични фрустрации.

– Анкетирањето да се спроведе по другите гимназии за да се лоцира потенцијалниот причинител на ученичка смрт, за да се превенира.

-Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата.

Оваа жална вест нека ги покрене механизмите, ако постои некаква држава наместо мафијашка усмрдена баруштина.

Моето најдлабоко сочувство до родителите.