вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Струмичанец осомничен за недозволено поседување кокаин

Струмичанец осомничен за недозволено поседување кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен струмичанец, откако вчера при претрес во неговото возило е пронајден кокаин.

– Осомничениот, во својот автомобил со струмички регистарски таблици, во левото задно штоп светло, сокрил наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 10,31 грама, спакувана во три полиетиленски пакувања. Дрогата била пронајдена вчера, при претрес од овластени службени лица на наплатната рампа Миладиновци, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот 46-годишен жител на струмичкото село Костурино​

За лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. (МИА)