понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Струмичанец заврши зад решетки, при претрес пронајдени повеќе видови дрога

Струмичанец заврши зад решетки, при претрес пронајдени повеќе видови дрога

Денеска (16.03.2023) околу 10.45 часот од полициски службеници од СВР Струмица лишен е од слобода М.Т.(44) од Струмица.

При претрес извршен со наредба од Основен суд Струмица во дом и други простории кај М.Т., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, црна грутчеста материја, таблетки, растителна материја.

Лицето е приведено во СВР Струмица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и по негово комплетно документирање против М.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.