четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сведоштва и фотографии од страшната сообраќајка во центарот на Велес (ФОТО)

Сведоштва и фотографии од страшната сообраќајка во центарот на Велес (ФОТО)

Страшна сообраќајна незгода во центарот на Велес на Новогодишната ноќ.

Автомобил Фиат Пунто удри во тројца пешаци па во ѕид откако возачот изгубил контрола над возилото.

Трагите од ударот и утрово сведочеа за она што ноќеска се случи.

На местото во моментот имало голем број млади луѓе кои заминувале од новогодишната прослава во дискотеката лоцирана во непосредна близина.

„Ја оставив колата дојдов тука на случката, имаше двајца повредени лежеа на тротоарот. Отидовме до луѓето во колата беа дечкото што ја возеше колата и сопругата, беа исплашени и повредени. Излегуваа од дискотеката доста млади , беше утрото околу 3,30 , излегуваа од диското и на тротоарот се собраа многу луѓе“ – изјави очевидец за Канал 5.

Тројцата пешаци на возраст од 17 и 18 години, возачот и сопатничката се пренесени во велешката болница.

Поради специфичноста на повредите, повредените пешаци се пренесени во скопскиот клинички центар , а возачот и неговата сопруга кои биле во возилото  се задржани во велешката болница.

Полицијата работи на откривање на причините поради кои се случи сообраќајната незгода.

„Повредил тројца пешаци од кои еден на 18 и двајца на 17 години. Притоа се повредени и возачот и неговиот сопатник и се пренесени во општа болница Велес , а откако е утврдено дека тројцата пешаци имаат тешки телесни повреди упатени се на клиниќкиот центар во Скопје. Истрагата е во тек , најверојатно зголемена брзина на движење е причина за случување на оваа незгода“ – изјави  Верољуб Додевски – Портпарол на СВР Велес

По овластување на јавното обвинителство увид на местото изврши екипа на СВР Велес.