среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сведоштво на девојче од битолско: „Стрико ми ме допираше по интимни делови од телото“

Сведоштво на девојче од битолско: „Стрико ми ме допираше по интимни делови од телото“

На 23.06.2020 во СВР Битола, лекар од детското одделение при Клиничка болница Битола пријавил дека кај нив било донесено 13-годишно девојче од битолско село, кое изјавило дека истиот ден нејзиниот стрико ја допирал по интимните делови на телото.

На 24.06.2020, по извршени проверки, а во врска со пријавата, во 02.30 часот во СВР Битола лишен е од слобода А.Џ.(37) од битолско село и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.