Дваесет и седум годишна жена синоќа во штипската полиција пријавила дека нејзиниот свекор се обидел да ја обљуби.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение наведува дека жената случајот го пријавила синоќа во 20.15 часот.
-Жената пријавила дека околу 17.30 часот во семејниот дом, нејзиниот свекор Ѓ.М.(56) од штипското село Лакавица, со употреба на физичка сила и закани по нејзиниот живот се обидел да изврши обљуба над неа, но таа успеала да побегне, се вели во соопштението.
Свекорот Ѓ.М. е лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.