Распишана е централна потерница за Александар Стојанов познат како Џуката од Кочани, кој од куќен притвор се дал во бегство, потврди за МИА, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Стојанов е повеќекратен сторител на кривични дела, а последното го има сторено на 27 февруари, кога физичка ја напаѓа адвокатката Цветанка Тунџева, полномошник на неколку жртви во случаите за кои е обвинет Стојанов. Тунџева вели дека по брзо и професионално постапување на Јавниот обвинител и на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор во траење од осум дена во Куманово, но по истекот на затворскиот притвор кривичниот судски совет во Основниот суд во Кочани носи одлука Стојанов да замине во куќен притвор.
-По истекот на осумте дена кривичниот совет при Основен Суд Кочани мерката притвор му ја земани со домашен притвор, без никаква релевантна и оправдана причина. Од овде е и прашањето зошто е куќен притвор, кога знаеме дека се работи за познат строител на кривични дела, за лице кое има повќе преставки, за лице кое повеќе пати се дава во бегство и самиот кривичен совет знае дека со куќниот притвор не може да го обезбеди, ниту МВР не може да го обезбеди и тоа се случи, вели Тунџева.
Стојанов и Тунџева денеска требаше да се соочат на првото судско рочиште за физичкиот напад во нејзината канцеларија, но полицијата не може да го обезбеди, бидејќи меѓу 13 и 14 март е даден во бегство и не е пронајден во неговиот дом. Тунџева посочува дека Стојанов кој е познат на кочанската јавност по низата сторени кривични дела разбојништо, изнуда и насилство пред две години во судница има нападнато и судија при изрекување на пресуда.