вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

СВР Тетово расчисти 6 тешки кражби во Гостивар, приведен крадецот

СВР Тетово расчисти 6 тешки кражби во Гостивар, приведен крадецот

Осомничен дека ги извршил кражбите е 25-годишниот А.О. о долнореканското село Видуше.

-Во текот на минатиот и овој месец А.О. со употреба на сила и со користење на штрафцигери и други алатки ги провалил вратите и прозорците на неколку гостиварски јавни установи (Болница, Катастар и други) и по влегувањето во нивната внатрешност, претежно одземал оставени парични средства во фиоки, каси и на други места, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Дваесет и петгодишниот видушанец приведен е во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на овој случај, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик , а поради основи на сомнение дека сторил кривично дело “тешка кражба”.