На 31.08.2021 во 21:30 часот кај наплатната рампа Сопот, на автопат Скопје-Гевгелија, полициски службеници запреле патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од таксистот И.Т.(42) од Скопје, а во кое се превезувале тројца државјани на Куба.
По насоки од Јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.