Полицијата регистирала два случаи на физички напад во и пред угостителски објекти во скопско.
Р.А.(50) од с.Долно Количани, скопско, вчера пријавил дека околу 08.30 часот во угостителски објект на ул.„3“ во с.Кадино, скопско, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од С.Н..
Вчера во 16 часот Б.Ц.(82) од с.Трубарево пријавил дека на 29.12.2019 околу 23.00 часот, пред угоститески објект на ул.„Маџари“, со тврд предмет бил физички нападнат од М.Н..
МВР во двата случаи превзема мерки за нивно расчистување.