На 24.02.2018 година во 12,15 часот во Полициската станица Гостивар, Б.М. (47) од с.Чајле, гостиварско, пријавил дека на 20.02.2018 година во вечерните часови од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во неговата куќа.
Сторителот влегол во куќата и без да изврши пребарување по собите, од фиока во спалната соба на приземјето одзел поголема количина разновиден златен накит (лири, алки, обетки, прстени и останат вреден накит), а потоа го напуштил лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.