четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка кражба утрово на паркинг во Аеродром

Две непознати лица на моторцикл извршиле разбојништво позади експозитура на банка
Тешка кражба утрово на паркинг во Аеродром

Две непознати лица извршиле разбојништво над 38-годишниот Д.К. и му одзеле 2 милиони и 400 илјади денари кои претходно ги извадил од банка на булеварот Јане Сандански во Скопје.

Нападнатиот пријавил дека денеска околу 11:15 со закана со пиштол две непознати лица кои дошле со моторцикл му одзеле 2 милиони и 400 илјади денари. Нападнатиот парите ги извадил од банката, а бил пресретнат позади експозитурата.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.