На 05.10.2022 во 00.30, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода Р.П.(31) и Д.С.(34) од Пробиштип. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изградба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.
При извршениот преглед кај Р.П. биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.