четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка несреќа со четирицикл во Македонија

Тешка несреќа со четирицикл во Македонија

На 20.05.2023 во 13.55 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на место викано „Суво Поле“ во Нацинален парк „Галичица“, Ф.М.М.Д.(30) од Данска, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки на земјен пат, изгубил контрола и паднал.

Во несреќата, Ф.М.М.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.