петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка кај Трпезица: Се судрија „рено клио“ и „томос“ – мопедистот пренесен во болница со тешки повреди

Тешка сообраќајка кај Трпезица: Се судрија „рено клио“ и „томос“ – мопедистот пренесен во болница со тешки повреди

На 29.10.2022 во 08.40 часот било пријавено дека на патот Велес-с.Дорутовец на место викано “Трпезица“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “рено клио“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(59) од с.Дорутовец и мопед “томос“со регистарски ознаки од Свети Николе, управуван од А.С.(79) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.