петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во скопско Радишани: Има починати, на пат се неколку амбулантни возила

Тешка сообраќајка во скопско Радишани: Има починати, на пат се неколку амбулантни возила

Трагедија вечерва го потресе Скопје. Во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница на клучката Радишани спрема Петровец едно лице го загуби својот живот, а повеќе лица се повредени.

Во несреќата учествувале две патнички возила, а според наши извори едно лице е починато на лице место, додека повеќе лица се повредени.

На пат кон местото се упатени повеќе амбулатни возила, а полицијата веќе го обезбедува местото.

Повеќе детали во текот на вечерта.