сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко е повреден: 71-годишен битолчанец возел мопед, па паднал на коловоз

Тешко е повреден: 71-годишен битолчанец возел мопед, па паднал на коловоз

На 29.05.2023 во 16:50 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Крушево“ во Битола, А.М.(71) од Битола, управувајќи мопед „априлиа“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.М., констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.