сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден 17-годишен велосипедист од Скопје

Тешко повреден 17-годишен велосипедист од Скопје
илустрација

На 22.08.2023 вo 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Антон Димитров“ со ул.„Жифко Фирфов “во Скопје, патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(23) од Скопје, удрило во 17 годишен велосипедист од Скопје.

По несреќата велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.