недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден 19-годишен мотоциклист откако паднал на коловозот во Битола

Тешко повреден 19-годишен мотоциклист откако паднал на коловозот во Битола
илустрација

Во СВР Битола вчера било пријавено дека на улицата „Булевар Први Мај“ во Битола, Г.К.(19) управувајќи мотоцикл „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Како што соопштија од МВР, повредите биле констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.