понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден ловџија во Матејче

Тешко повреден ловџија во Матејче

Во СВР Куманово вчера во 14.35 часот било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, општина Липково, додека биле на лов, А.В.(37) од с.Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С.(45) од Липково.

Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.