сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден малолетник во Куманово: Возач удрил во него со автомобил и избегал

Тешко повреден малолетник во Куманово: Возач удрил во него со автомобил и избегал

На 19.03.2022 во 15,10 часот во Куманово на ул.„Сава Ковачевиќ“ патничко моторно возило удрило во малолетен пешак од Куманово, по што возилото го напуштило местото на несреќата.

Пешакот бил пренесен во Општа болница-Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.