На 16.08.2023 во 05:55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Трапчин Дол, С.И.(60) од с.Мидинци, кичевско, управувајќи патничко возило „хонда“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.