вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден пешак откако во него удрил возач со „Цитроен“ на патот Кратово-Чатал

Тешко повреден пешак откако во него удрил возач со „Цитроен“ на патот Кратово-Чатал

На 06.01.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на регионалниот пат Кратово-Чатал, кај с.Туралево, кратовско, патничко моторно возило „цитроен“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(44) од Кратово, удрило во пешакот Д.Ф.(35) од Пробиштип.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кратово.