недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден пешак во Битола

Тешко повреден пешак во Битола

Вчера во 17.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карагалески“, ул.„13 Јули“ и ул.„Младински бригади“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(56) од Битола, удрило во пешакот К.Т.(38) од Битола.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.