петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден пешак во Штип- го удрило товарно возило

Тешко повреден пешак во Штип- го удрило товарно возило

На 07.02.2022 во 15.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Тошо Арсов“ во Штип, товарно возило „цитроен берлинго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(60) од Штип, удрило во пешакот П.М.(78) од Штип.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.