Вчера во 05.40 часот на патот Битола – с.Драгош, кај населба Воденици, атар на Крстоар, битолско, се случила сообрќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(48) и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(38).
Во незгодата возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во битолската болница.
Извршен е увид на местото на незгодата.